Прием на годишни извештаи и на 13-ти и 14-ти февруари!
Заради запазување на крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи (15 февруари 2010), сите даночни канцеларии на УЈП низ Републиката ќе работат и за време на викендот, на 13-ти и 14-ти февруари 2010 година, од 08.30 до 16.30 часот.
Правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. поднесете образец “ПДД-ГИ“.
Исплатувачите кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица треба да поднесат образец “ПДД-ГИ/ОЗП”.

