Информации за системот

"е-Даночни сервиси" Ви овозможува да користите современ, ефикасен и безбеден начин за поднесување на даночни пријави до Управата за јавни приходи.

Функционалности

  • Системот Ви потврдува дали даночната пријава е прифатена и точна
  • Системот Ве информира за грешките при пополнувањето и исправките кои треба да ги направите во даночните пријави
  • Овозможува различни видови прегледи на поднесените формулари и информира за секоја измена во статусот на формуларите

Од 15.07.2008 година, електронското поднесување на даночни пријави е достапно за сите правни субјекти во Македонија.

Веб порталот е изработен како проект за
е-Влада на УСАИД

Насоки за користење

Процесот на регистрирање на Имател на код за идентификација започнува со пополнување на "Барање за код за идентификација" со кој поединечно се пријавуваат овластени и ополномоштени лица за електронско потпишување за даночниот обврзник. Кодот за идентификација е составен од корисничко име и лозинка. Имателот на кодот за идентификација добива "Потврда за доделен код за идентификација", кој го користи при пристап на е-Даночните сервиси.

Течнички предуслови за користење на
е-Даночни сервиси:
  • пристап кон Internet
  • е-маил адреса
  • можност за скенирање на документи (во PDF формат) кои по електронски пат се испраќаат како прилози кон даночна пријава

Управата за јавни приходи ја обезбедува сигурноста на пристапот во системот.

Упатства за корисникот

"Упатството за користење на е-даночни сервиси" ќе ви помогне поуспешно и полесно да го користите сервисот при електронското пополнување и доставување на Вашите даночни пријави и другите даночни акти.

За пристап и непречено работење со
e-Даночни сервиси апликацијата, потребнa е минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи:

е-Даночни сервиси обезбедува брзо процесирање на податоците, едноставна употреба, постојана електронска комуникација со Управата за јавни приходи 24 часа, 7 дена во неделата.